Ракометарките на Ѓорче Петров и Металург Автокоманда ги остварија вторите победи во плејоф конкуренцијата на женската Супер лига.
Во дуелите од 2.коло одиграни попладнево двата тима славеа убедливо против Астибо и Вардар.
Актуелниот шампион Ѓорче Петров го победи Астоибо со 31 разлика 48-17. Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Ризоска со 12 и Дежиќ со девет, а девет гола за Астибо постигна Анчева.
Се очекуваше поголема неизвесност на дуелот меѓу Металург Автокоманда и Вардар. Сепак домашниот тим уште во првиот дел најави дека ќе се радува на крај. Го доби Металург А. првото полувреме со 19-8, а натпреварот со 33-18. Гугуљанова со 10 и Јанкуловска со 5 гола, беа први стрелци во победничката екипа, а Неделковска постигна 4 за вардарки.
Последниот натпревар од ова коло, воедно и оваа календарска година ќе се игра утре од 17 часот, а во него Чаир ќе биде домаќин на Куманово.
ТАБЕЛА
Ѓорче Петров 5 бодови
Металург Автокоманда 5
Вардар 1
Куманово 1
Чаир 1
Астибо 0