Натпреварот меѓу Вардар и Куманово во рамките од 1.коло на плеј-офот на женската Супер лига понуди драматични моменти и неизвесност до самиот крај. И покрај сите обиди, ниту една од екипите не успеа да победи, а натпреварот заврши со нерешени 25:25

Куманово одлично го започна натпреварот, отворајќи со водство од 6:1. Сепак, црвено-црните не се предадоа и постепено ја намалуваа разликата. Вардар, со серија од 6:1, во 24-тата минута го презеде водството со 11:10. На полувреме, вардарки заминаа со минимална предност од 14:13.

Второто полувреме донесе израмнета борба, со наизменични голови. Двете екипи се обидуваа да стекнат предност, но не успеваа да ја задржат. Во 44-тата минута, домашната екипа направи серија од 2-0 и поведе со 20:18, успешно одржувајќи ја разликата до 57-тата минута, кога Куманово израмни на 24:24.

Во завршницата, Вардар повторно поведе преку пенал, но Куманово брзо израмни благодарение на Несторовска. Домаќините имаа можност за победа, но не реализираа во последниот напад, па натпреварот заврши со нерешен резултат, 25:25.

Најефикасна од екипата на Куманово беше Несторовска со 11 погодоци, додека од Вардар Тодоровска постигна 9 гола.

За утре закажани се другите два натпревари од ова коло во кои ќе играат, Ѓорче Петров – Чаир и Астибо и Металург Автокоманда.

Ивона Кимовска