Лондонските екипи на Тотенхем и Челзи победи во натпреварите од 16.коло на Премиер лигата.

Конечно тимот на Тотенхем ја прекина низата од пет натпревари без победа во сите натпреварувања. Популарните „Спарси“ го истурија гневот против Саутемптон кого го совладаа на гостински терен со 5-0. Сите пет гола фудбалерите на Тотенхем ги постигнаа во првото полувреме.

Челзи пак пред своите навивачи на „Стенфорд Бриџ“ го победи Брентфорд со 2-1. Стрелец на голoвите за Челзи беа, Шпанецот, Кукуреља (43.минута) и Џексон (80). Поразот го ублажи Мбеумо во последната минута.

Челзи со тоа го одржа чекорот со водечкиот Ливерпул кој има два бода повеќе од сините, но и еден одигран натпревар помалку. Екипата на Тотенхем прогресирање за три позиции и сега е на 10-тото место на табелата.