Екипата на МКК Куманово направи изненадување со победата над Чаир во последниот натпревар од 10.коло на Првата лига.

Избраниците на Марин Докузовски со тоа им го нанесоа првиот пораз на чаирчани пред нивната публика. Славеше МКК Куманово со 95-91.

По краткото почетно водство на домаќините, кумановската екипа како ја презеде контролата над резултатот, не ја испушти до крај. Имаа кумановци и најголеми 11 поени предност во третиот период. Чаир се врати на -1 на средината на последниот, но немаше сили за комплетен пресврт.

Комплетната прва петорка на кумановската екипа заврши со двоцифрен број на поени. Со дабл-дабл ефект завршија Радукиќ со 26 поени и 10 скокови и Луковиќ со 17 поеми и 13 скокови, а Волер реализира 20 поени.

Со оваа, шеста победа Куманово се израмни со Кожув и направи чекор поблиску до местата што водат во плејофот. Чаир со третиот пораз е во групата н четири екипи со ист „скор“ (7-3). Лидерот ТФТ има еден пораз, а два повеќе имаат МЗТ Скопје, Чаир, Пелистер и Работнички.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – следно 10.КОЛО

Недела
ЧАИР – МКК КУМАНОВО 91-95
Сабота
РАБОТНИЧКИ – ГОСТИВАР 77-76
ТФТ – ТИКВЕШ 90-86
МЗТ СКОПЈЕ – ФЕНИКС 92-63
ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР 59-90
ШКУПИ – КОЖУВ 68-81

ТАБЕЛА: ТФТ 19 бодови, МЗТ Скопје Аеродром 17, Чаир 18, Пелистер 17, Работнички 17, Кожув 16, МКК Куманово 16, Тиквеш 13, Гостивар 13, Шкупи 13, Феникс 12, Вардар 10.