Актуелниот шампон МЗТ Скопје Аеродром лесно стигна до нова, седма победа во домашното првенство. Во дуелот од 10-тото коло, МЗТ убедливо го победи Феникс со 92-63.
Иако тринаесетина минути гостинската екипа беше рамноправна, сепак МЗТ во продолжението ја демонстрира својата надмоќ. Во нити еден момент сино-белите не дозволија противникот да поведе.
На полувремето аеродромци заминаа со двоцифрена предност (38-28). Ги добија сите четири периоди домашните кошаркари кои на крајот славеа со 29 разлика.
Четворица кошаркари кај МЗТ натпреварот го завршија со двоцифрен број на поени, а најмногу постигна Бојан Крстевски 17.
МЗТ сега е ма првото место на табелата, со 17 бодови колку што има и второ рангираниот Пелистер кој денеска го совлада Вардар. Сепак двата тима го чекаат исходот од дуелот кој е во тек, а во кој ТФТ е домаќин на Тиквеш.