Комисијата за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги изрече казните за прекинатиот натпревар од последното есенско воло во Втората лига.
Со службени 0:3 во корист на гостинската екипа е регистар натпреварот меѓу Каменица Саса и Скопје од 15-тото коло.
Мечот во Македонска Каменица беше прекинат во 71. минута при резултат 1:1.
Комисијата донесе одлука за суспензија на теренот на Каменица Саса во Македонска Каменица за одигрување на натпревари. Одлуката е во сила се до донесување на конечна одлука на Дисциплинската комисија на ФФМ.
Одлуките на Комисијата за натпревари се донесени врз основа на извештаите на официјалните лица од натпреварот (судии и делегат). Натпреварот ФК Каменица Саса – ФК Скопје беше прекинат поради вербален и физички напад на претставници на гостинската екипи.
Комисијата за натпревари во рамки на ФФМ, исто така, го предаде на дисциплинска комисија тимот на ФК Башкими. За евентуални санкции за екипата од Куманово ќе решава дисциплинската комисија на ФФМ поради лоша организација на мечот ФК Башкими – ФК Брегалница од 15.коло во Втора МФЛ.