Со одигрувањето на денешните натпревари од 15.коло, заврши есенскиот дел во Втората македонска фудбалска лига.

Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров полусезоната ќе ја завршат на првата позиција на табелата со пет бодови повеќе од Брегалница и шест од Башкими.

„Лавовите“ од Ѓорче славеа нова победа и тоа против Беласица. На дуелот одигран во Струмица ѓорчепетровци триумфираа убедло со 4-0.

Во дербито Башкими ја совлада Брегалница со 2-1 и се доближи на само бод помалку од второ пласираната штипска екипа.

Второлигашите сега ќе одат на зимска пауза се до 15 февруари 2025-та за кога е закажано 16-тото коло.

ВТОРА ЛИГА – 15.КОЛО
БАШКИМИ – БРЕГАЛНИЦА 2-1
БЕЛАСИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-4
АРСИМИ – ВАРДАР НЕГОТИНО 5-1
КАМЕНИЦА САСА – СКОПЈЕ прекинат (1-1)
НОВАЦИ – КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА 0-0
ОХРИД – БОРЕЦ 4-1
ПОБЕДА – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 0-0
ВАРДАРСКИ – ОСОГОВО 2-1