Во кошаркарската второлигашката конкуренција до крајот на календарската година остануваат уште три рунди. Од денеска до понеделник ќе ги играат натпреварите од деветтото коло.

Во него четири екипи со по 14 бодови влегуваат од првите четири позиции, а со еден бод помалку зад квартетот се уште два тима. Но конкуренцијата за осумте места што водат во плејофот не престанува тука бидејќи три тима ќе се борат за преостанатите две позиции.

Дербито на колото ќе се игра утре во Велес, каде Борец баскет ќе го пречека струшкиот Црн Дрим.

Рундата ќе ја отворат Охрид и прилепски Мега Баскет со натпреварот што ќе се игра попладнево од 13 часот. Потоа следува гостувањето на Работнички кај водечкиот Ангели, а од 19 часот Маџари го пречекува Бутел.

За утре, покрај дербито, закажан е и натпреварот во Штип каде Соколи се домаќини на МЗТ Скопје УБ. Колото ќе биде заокружено во понеделник со дуелот на двете последно пласирани екипи Академија ФМП и Партизан Водно Санс.

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 9.КОЛО

Сабота 7 декември
13.00 ОХРИД – МЕГА БАСКЕТ
17.00 АНГЕЛИ – РАБОТНИЧКИ 2018
19.00 МАЏАРИ – БУТЕЛ
Недела 8 декември
13.00 БОРЕЦ БАСКЕТ – ЦРН ДРИМ
18.00 СОКОЛИ – МЗТ СКОПЈЕ У.Б.
Понеделник 9 декември
13.00 АКАДЕМИЈА ФМП – ВОДНО САНС

ТАБЕЛА: Ангели 14 бодови, Борец баскет 14, Соколи 14, Црн Дрим 14, Маџари 13, Мега баскет 13, Охрид 12, Бутел 12, МЗТ Скопје УБ 12, Работнички 2018 9, Партизан Водно Санс 9, Академија ФМП. 8.