Со петте натпревари од 14.коло денеска ќе биде комплетирана рунда од Супер лигата. Водечкиот тандем до ова коло Алкалоид и Вардар имаат домашни натпревари.

Лидерот Алкалоид го пречекува градскиот лидер Бутел. Ова ќе биде 10-ти натпревар меѓу овие два тима или вкупно осми првенствен. Алкалоид има шест победи или вкупно осум (две во купот), но со исклучок на еден до два натпревара секогаш неизвесноста била белег на натпреварите не зависно каде се играле. Почетокот на дуелот што се игра во салата Автокоманда е во 17 часот.

Вардар е апсолутен фаворит во дуелот со последнопласираниот на табелата тимот на Радовиш. Секако ова ќе биде можност тренерот Гиљермо Милано да им даде шанса на играчи кои имаат помала минутажа, но и да одмори дел од играчите пред дербито следната недела со шампионот Еурофарм Пелистер во Битола. Почетокот на натпреварот е во 16 часот (сала Јане Сандански).

Во Скопје се игра уште еден натпревар. Пролет 62 ја пречекува Струга. Дуелот почнува во 18:30 часот, а се игра во салата „Македонско сонце“. Во истиот термин во Охрид истоимената домашна екипа го пречекува Прилеп, додека денешната програма натпревари ќе стартува со натпреварот во Куманово меѓу МРК Куманово и Тиквеш. Почетокот на дуелот е во 15:30 часот.

СУПЕР ЛИГА – 14.КОЛО:

МРК КУМАНОВО – ТИКВЕШ   (почеток 15:30 часот)
ВАРДАР – РАДОВИШ (16:00)
АЛКАЛОИД – БУТЕЛ (17:00)
ПРОЛЕТ 62 – СТРУГА (18:30)
ОХРИД – ПРИЛЕП (18:30)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – БИСИНОВ ФРУИТ ЛЕНД 45:31 (одиграно вчера)