Вечното шпанско дерби меѓу Атлетик Билбао и Реал Мадрид заврши со славје на „Баскиската гордост“. Во натпревар од 19.коло Атлетик го победи Реал со 2-1.
Во првиот дел (14.минута) Мбапе ја затресе мрежата на домаќините, но голот не беше признат поради офсајд.
Затоа пак во второто полувреме голема радост на стадионот „Сан Мамеш“ донесе Белренгуер. По големата грешка на Валверде, тој ја искористи шансата и му донесе предност на Атлетик со 1-0.
„Кралевите“ имаа голема шанса да израмнат во 68-минута, но Мбапе не реализира пенал. Тоа што не му успеа на Французинот, го стори Англичанецот, Џуд Белингем кој беше прецизен во 78.минута за 1-1.
Сепак, само две минути подоцна (80.минута) нова „ерупција“ на „Сан Мамеш“. За тоа се погрижи Гурузета кој втор пат ја затресе мрежата на Куртроа за конечни 2-1.
Реал го претрпе само вториот пораз во Ла Лига сезонава, но остана на 2.место на табелата со 32 бодови. Атлетик Билбао е на четвртото место со 29 бодови.
Водечка е Барселона која има 37 бодови, но и натпревар повеќе од Реал.





































