Утре на фудбалските терени ширум државава ќе се играат натпреварите од 17.коло во ПМФЛ.
Овие дуели требаше да се одиграат вчера, но по препорака на МВР, а по неодамнешните случувања и палењето на македонското знаме, ФФМ реши да ги одложи.
А, денеска од федерацијата и информацијата дека натпреварите ќе се играат без публика.
„Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија праќа информација до клубовите од Прва МФЛ и фудбалската јавност за одлуката донесена по барање на Министерството за внатрешни работи (МВР) во врска со натпреварите од 17. коло и 18. коло во Прва МФЛ.
Комисијата за натпревари го прифати барањето и донесе одлука натпреварите од 17. коло (03. декември, 13:00 часот) и 18. коло (08. декември, 13:00 часот) во Прва МФЛ да се одиграат без присуство на публика.
Одлуката на Комисијата за натпревари е донесена поради извршена проценка на Министерството за внатрешни работи заради неодамнешните случувања и спречување на било каков вид на насилство и недолично однесување пред, за време и по одигрување на фудбалските натпревари“.
Инаку утрешните направи ќе почнат во терминот од 13 часот.
ПРВА ЛИГА 17.КОЛО
Вторник
ГОСТИВАР – СИЛЕКС
ВОСКА СПОРТ – ШКЕНДИЈА
ШКУПИ – СТРУГА Т.Л.
ПЕЛИСТЕР – БЕСА
АП БРЕРА – РАБОТНИЧКИ
ВАРДАР – ТИКВЕШ