Требаше да биде дерби дуелот меѓу Ливерпул и Манчестер Сити, но мина во тотална доминација на црвените.

Екипата на Ливерпул дојде до триумф против Манчестер Сити со 2:0. Со овој триумф „црвените” ја продолжија агонијата на Сити на седми натпревар без победа, односно дури шест порази и едно реми.

Натпреварот беше отворен рано во 12-та минута со голот на Гакпо. Манчестер Сити не се закани посериозно до крајот на првиот дел.

Во вториот дел играта беше посмирена и повеќе во контрола на Ливерпул. Конечните 2:0 ги постави Мо Салах во 78.та минута од пенал.

Ливерпул се зацврсти на прво место со 34 бода, дури девет повеќе од Арсенал и Челзи. Манчестер Сити е на 5-та позиција со 23 бода, колку што има и четврто рангираниот Брајтон.