Кошаркарите на Црн Дрим го добија дербито против Соколи во рамките од 8.коло на второлигашката македонска конкуренција. На дуелот одигран во Струга, домаќинот славеше со 88-74.
Гостите од Штип ја добија првата четврт со 21-26. Го контролираа резултатот Соколи се до претпоследната минута на полувремето, но домаќинот беше оној што на одмор замина со позитива 45-41.
Во второто полувреме штипјани постојано ја бркаа негативата, но стружани не дозволија таа да биде „стопена“. Напротив додадоа дополнителни +3 па во последната четвртина Црн Дрим влезе со седум позитива 66-59. Немаа решение гостите како да му се спротивстават на расположениот струшки тим, па Црн Дрим на крајот славеше и убедливо со 14 разлика (88-74).
По оваа победа на Црн Дрим, но и поразот на Соколи, сега повторно четири екипи имаат ист број на бодови на првите четири позиции на табелата. По овој квартет со бод помалку следуваат Маџари и Мага Баскет, а по нив, три екипи со два бода помалку.
ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 8.КОЛО
Недела
ЦРН ДРИМ – СОКОЛИ 88-74
РАБОТНИЧКИ 2018 – МАЏАРИ 53-78
Сабота
МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – АКАДЕМИЈА ФМП 84-80
БУТЕЛ – ОХРИД 88-77
МЕГА БАСКЕТ – БОРЕЦ БАСКЕТ 79-69
Петок
АНГЕЛИ – ВОДНО САНС 95-77
ТАБЕЛА: Ангели 14 бодови, Борец баскет 14, Црн Дрим 14, Соколи 14, Маџари 13, Мега баскет 13, Охрид 12, Бутел 12, МЗТ Скопје У.Б. 12, Партизан Водно Санс 9, Работнички 2018 9, Академија ФМП 8.