Во НБА синоќа се одиграа пет натпревари на кои гостите беа поуспешни и остварија три победи. Предноста на домашниот терен ја искористија Феникс и Милвоки кои славеа над Голден Стејт и Вашингтон.

По одличното отворање на сезоната, Голден Стејт Вориорс западна во мала криза. Го забележаа четвртиот пораз во низа и тоа на гостувањето кај Феникс со 105-113. Одлуката беше во првото полувреме во кое „Санс“ направија предност од 17 поени.

Девин Букер со 27 поени и девет асистенции и Кевин Дурент со 21 поен и десет скока беа творци на победата за „Санс“. Кај „Вориорс“ Стивен Кари постигна 23 поени со седум скока, а Ендрју Вигинс 18 поени.

Тимот на Милвоки му го нанесе на Вашингтон 145-тиот пораз совладувајќи го со 124-114.

Јанис Антетокунмпо натпреварот го заврши со трипл-дабл со 42 поени, 12 скока и 11 асистенции, а Демијан Лилард имашѓе даб-дабл со 25 поени и десет асистенции.

Кај „Визардс“ Џордан Пул постигна 31 поен, а Малколм Брогдон 29 поени со 11 скока.

Иако Лука Дончиќ и натаму не е во тимот на Далас, сепак продолжува да реди победи без Словенецот. Синоќа „Маверикс“ славеа на гостувањето кај Јута со 106-94. Кајри Ирвинг го предводеше Далас со 30 поени и девет асистенции, а Квентин Грајмс додаде 24 поени.

Најнеизвесниот натпревар го одиграа Шарлот и Атланта за заврши со победа на гостите со 104:107. Брендон Милер промаши тројка на девет секунди до крајот, а потоа Ониека Оконгву изведе слободно фрлање и тоа беше крајот на приказната.

Филаделфија ја забележа само четвртата сезонска победа. Без Џоел Ембид славеа на гости кај Детроит со 111:96.