Капитенката Сара Ристовска со 8 голови беше најефикасна македонска ракометарка во ремито со Турција на Европскиот шампионат.

Македонија покажа карактер, борбеност, се врати од голема негатива и поведе, но не успеа да слави победа.

Иако Ристовска беше најефикасната сепак, Сара со доза на разочараност го искоментира вечерашниот меч.

„Навистина посакувавме победа затоа што мислам дека со толку напорна работа сите овие денови заслужуваме, но ете и нерешено е добар резултат за нас и за понатаму да се трудиме да работиме затоа што навистина ја следи и нé очекува една светлина“, изјави Сара.

Извор: ЕХФ