По репрезентативната пауза, кошаркарските прволигаши ќе ги играат натпреварите од осмото коло. Почлнувајќи од денеска па се до понеделник ќе се играат шесте натпревари.

Денеска на програмата се три, а првиот е во малата сала на СЦ „Кале“ каде Вардар кој досега се нема израдувано на победа го пречекува ко-лидерот на табелата ТФТ. Во СЦ „Јане Сандански“ ќе има двојна програма. Први на теренот ќе истрчаат шампионот МЗТ Скопје Аеродром и Кожув, а потоа следува дуелот на Феникс и Гостивар.

Утрешниот дел ќе донесе два натпревари. Кај лидерот на табелата Чаир гостува кавадаречки Тиквеш, а во дербито на оваа рунда Работнички ќе биде домаќин на вицепрвакот Пелистер. Овој натпревар можно е и да не се одигра, а тоа преку соопштение го најавија кошаркарите на Работнички.

Колото ќе биде комплетирано во понеделник со дуелот меѓу Шкупи и МКК Куманово.

Сите натпревари ќе може да го гледате во живо овде.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 8.КОЛО

Сабота
13:00 ВАРДАР – ТФТ
17:00 МЗТ СКОПЈЕ – КОЖУВ
20:00 ФЕНИКС – ГОСТИВАР
Недела
19:00 ЧАИР – ТИКВЕШ
19:00 РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР
Понеделник
18:00 ШКУПИ – МКК КУМАНОВО