Сениорската женска репрезентација на Македонија е дел од 24 земји учеснички на Европското првенство за ракометарки.

Ова е прв шампионат на кој учествуваат 24 селекции, кои ќе видат шест руби, а ќе играат во три земји, Австрија, Швајцарија и Унгарија.

За нас секако најинтересно ќе биде во групата „А“ чиј домаќин е унгарскиот град Дебрецен. Во неа македонските ракометарки за противнички ќе ги имаат селекциите на Шведска, Турција и Унгарија редоследно.

Ова се ракометарките за кои ќе навива Македонија!!! ФОТО: РФМ

Конкуренцијата ќе биде исклучително тешка, тоа и повеќе од јасно, бидејќи Швеѓанките па и ко-домаќинот Унгарија атакуваат на висок пласман. Сепак овие македонски репрезентативки сигурно во Дебрецен не заминаа со „бело знаме“, напротив. Тие својата шанса за успех ќе ја бараат во секој натпревар, а реално најголемата ќе биде во дуелот со Турција.

Двете првопласирани селекции во групите ќе продолжат понатаму, во главната групна фаза. Таму ќе бидат формирани две нови групи во кои ќе вкрстат селекциите од А, Б и Ц групи, односно Д, Е и Ф групите.

СИТЕ ГРУПИ НА ЕП

Група А (Дебрецин): МАКЕДОНИЈА, Шведска, Унгарија, Турција
Група Б (Дебрецин): Црна Гора, Романија, Србија, Чешка
Група Ц (Базел): Франција, Шпанија, Полска, Португалија
Група Д (Базел): Данска, Швајцарија, Хрватска, Фарски Острови
Група Е (Инзбрук): Норвешка, Австрија, Словенија, Словачка
Група Ф (Инзбрук): Холандија, Германија, Исланд, Украина

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА:

28 ноември: МАКЕДОНИЈА – ШВЕДСКА 20.30 часот
30 ноември: МАКЕДОНИЈА – ТУРЦИЈА 20.30 часот
2 декември: МАКЕДОНИЈА – УНГАРИЈА 18.30 часот