Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски продолжува со фантастичните настапи во Универзитетската НЦАА лига.

Јамиковски беше троец на победата на Колорадо во дуелот со Јукон со 73-72. Македонецот на 9,3.секунди до крајот погоди од невозможна ситуација и му донесе триумф на својот тим.

Јакимовски натпреварот го заврши со дабл-дабл ефект со 12 поени и 10 скока. За неговиот „Бафало“ ова е петта победа во седумте одиграни натпревари.

Победата е доколку поголема што е остварена над второрангираниот тим во лигата. За популарните „Хаските“ ова беше само вториот пораз и тоа во низа.