Фудбалските прволигаши во земјава немаа многу време за одмор. Откако во неделата беа активни, утре тие ќе ги играат натпреварите од 16-тото коло. Имајќи го во предвид изгледот на табелата, ова коло ќе мине без вистинско дерби.
Сепак најинтересно се очекува да биде на Тетово каде првопласираната Шкендија го пречекува Шкупи. Овој натпревар ќе го суди стружанецот Јован Качевски.
Штипјанецот, Димитар Пилешков ќе ја дели правдата на арената „Тодор Проевски“ каде Вардар ќе го пречека Гостивар. Во Струга пак каде шампионот Трим Лум е домаќин на Пелистер главен арбитар ќе биде Ивана Пројковска.
Сите утрешни натпревари ќе почнат во терминот од 13 часот.