Ливерпул го совладаа Саутемптон на гости со 3:2 во натпреварот од 12.коло на Премиер лига, кој го одбележаа два пресврти. Јунак на Ливерпул беше Мохамед Салах кој постигна два гола.
Ливерпул поведе прв со голот на Собослаи во 30-тата минута. До крајот на првиот дел (40) Армстронг израмни на 1-1.
Во второто полувреме беа постигнати уште три голови. Домашниот тим (56) преку Фернандеш дојде до водство кое не траеше долго. Веќе во 65.минута Салах го израмни резултатот на 2-2. Истиот фудбалер во 83.минута, од пенал, го постигна победничкиот гол за Ливерпул и конечните 3-2.
Ливерпул кој е прв на табелата сега има 31 бод, осум повеќе од Манчестер Сити, а девет од Челзи, Арсенал и Брајтон.