Фудбалерите на Барселона испуштија цел плен на гостувањето во Виго, па по водство од 2-0, за само само 4.минути примија два гола. Натпреварот од 14.коло во Ла Лига меѓу селта и Барселона заврши без победник 2-2.
Барса имаше два гола предност се до завршницата на мечот со погодоците на Рафиња (15 минута) и Роберт Левандовски (61).
Така беше се до завршницата, кога прво Барса остана со играч помалку, односно Касадо во 82.минута заработи црвен картон.
Тоа домаќините го казнија со два брзи гола. Во 84.минута Гонзалес ја казни грешката на Кунде, а во 86-тата Алварез погоди за израмнување 2-2.
Сега каталонската екипа има 34 бодови, пет повеќе од Атлетико Мадрид (29) кој е на второто место. Треторангиран е Реал Мадрид со 24 бодови, но „Кралевите“ имаат два одиграни натпревари помалку.