Тотенхем со триумф на гостувањето на ,,Етихад”” со 4:0 ги совлада Манчестер Сити. Воедно екипата од Лондон со предоминантен натпревар ги поздрави Манчестер Сити и Родри кој ја изложи својата златна топка пред почетокот на натпреварот.
Тотенхем беше подобриот противник на натпреварот и тоа го покажа уште во првиот дел. На полувреме заминаа со 2:0, а головите беа дело на Џејмс Мадисон во 13.та и во 20.та минута. Иако Сити се разбуди во вториот дел и имаше посед на топка, па дури и упати повеќе шутеви во голот на Тотенхем, не подтигна ниту еден погодок.
Педро Поро во 53.та и Бренан Џонсон во 93.та минута ги постигнаа третиот и четвртиот гол на Спарси со што ја запечатија својата победа.
Тотенхем ита кон горниот дел на табелата каде со 19 бода се наоѓа на 6.та позиција и со само 3 бода помалку од местата коишто водат кон Лига на Шампиони.
Сити пак со 23 бода сеуште се наоѓа на 2.то место во Премиер Лигата и сега е со 5 бода помалку од Ливерпул кој е лидер и има натпревар помалку.