Фудбалерите на Атлетико Мадрид се изнамачија да ги освојат трите бодови ви дуелот против Алавез. Во натпреварот од 14.коло на Ла Лига, одигран пред своите навивачи, Атлетико со пресврт во вториот дел го совлада Алавез со 2-1.

Лошо започна натпреварот за мадридската екипа. Веќе во 7.минута со голот на Гуриди од пенал, тимот на Алавез поведе со 0-1.

Тој резултат беше актуелен се до 76.минута кога Гризман од пенал израмни на 1-1. Тргнаа на се или ништо избраниците на Диего Симеоно, па тоа вроди со плод со нов гол.

Се играше 86-.минута кога Норвежанецот, Александар Сорлот ја затресе мрежата на гостите и му донесе водство на Атлетико од 2-1. Тоа се покажа како конечен резултат на натпреварот, па „јорганџиите“ можеа да слават.

Со новите три бодови и вкупно 29, Атлетико изби на второто место на табелата зад Барселона (33 бодови), а пред Реал Мадрид (29).

Барса има еден натпревар помалку, вечерашниот со Селта во Виго. Реал пак треба да одигра два меча.