Поранешниот фудбалер и функционер на Милан, Звонимир Бобан ја доби тужба против италијанскиот клуб, за незаконско отпуштање од функцијата спортски директор.

Првичната одлука на Врховниот суд на Италија беше дека Милан мора да плати отштета од 5.375.000 евра. Од нив 4.125.000 се по основ на материјална, а 1.250.000 за нематеријална штета, со дополнителни камати и трошоци.

По жалбата на „Росонерите“, судот одлучи да ја намали сумата на 4.200.000 евра. Затоа Бобан мора да ги врати веќе уплатените 1.200.000 евра.

Звонимир Бобан во март 2020 година, доби отказ од тогашното раководство на чело со Иван Газидис. Тоа се случи по интервјуто за „Газета дело спорт“ во кое Бобан ја критикуваше одлуката за смена на Стефано Пиоли.

Извесен период Бобан беше дел од УЕФА. Од таму си замина по критиките упатени кон претседателот Александар Чеферин кого го обвини за авторитарност.

Хрватот моментално работи како стручен коментатор за „Скај Спортс“ за време на преносот од Лигата на шампионите.