Со денешниот натпревар меѓу Еурофарм Пелистер и Прилеп стартуваат дуелите од 11.коло, прво по репрезентативната пауза или последно од првиот дел на Супер лигата. Дуелот на битолчани воедно ќе биде и прв под водство на новиот тренер Шпанецот, Раул Алонсо. Почетокот на натпреварот е во 18 часот.
Другите пет натпревари од 11.рунда од Супер лигата се играат в сабота.
Деби на клупата на Вардар ќе има и Аргентинецот на клупата на Вардар Гиљермо Милано. „Црвено-црните“ гостуваат во Струга во првиот натпревар од саботната програма што почнува во 13:30 часот. МРК Куманово поради домашниот терен е фаворит во дуелот со последнопласираниот Радовиш, а почетокот на овој натпревар е во 15 часот. Три часа подоцна во Велес ќе почне дуелот меѓу Бисинов Фриут Ленд и Тиквеш, додека другите два дуела се играат во терминот од 18:30 часот „градското дерби“ меѓу Пролет и Бутел, како и дербито на колото каде лидерот на табелата и тимот со максимален учинок Алкалоид гостува кај Охрид.
ДВОЈКИ 11.КОЛО СУПЕР ЛИГА:
ПЕТОК:
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ПРИЛЕП (почеток 18:30 часот)
САБОТА:
СТРУГА – ВАРДАР (почеток 13:30 часот)
МРК КУМАНОВО – РАДОВИШ (почеток 15 часот)
БИСИНОВ Ф.Л. – ТИКВЕШ (почеток 18 часот)
ПРОЛЕТ – БУТЕЛ (почеток 18:30 часот)
ОХРИД – АЛКАЛОИД (почеток 18.30 часот)
ТАБЕЛА: Алкалоид 20 бодови, Вардар 18, Е.Пелистер 16, Охрид 16, Бутел 10, Тиквеш 9, Прилеп 9, Пролет 8, МРК Куманово 4, Струга 4, Бисинов ФЛ 3, Радовиш 1.