Благоја Милевски селекторот на најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија, ги одбра стартните 11-мина за дуелот со Летонија.
Иако поради вирус беше неизвесен за настап, капитенот Енис Барди ќе ја предводи репрезентацијата.
Во средниот ред со Барди ќе биде Алими, кој имаше одлични настапи на последните натпревари.
Затоа има промена во одбраната, па наместо стандардниот Муслиу кој влечеше повреда, натпреварот ќе го почне Бојан Димовски.
Натпреварот Македонија – Летонија што ќе се игра на арената „Тодор Проевски“ ќе почне од 20.45 часот.