Повод денот на ослободувањето на град Скопје, 13 Ноември, денеска во просториите на МОК, беа доделени признанијата за најуспешните во областа на спортот.

Најдобар спортист е атлетичарот Дарио Ивановски учесникот на ОИ во Париз. Неговиот тренер Игор Јакимовски го доби признанието за најдобар тренер.

Признанија за придонес во спортот за животно дело добија: Владимир Радиќ, Ѓорѓи Чадиковски и Ѓоко Хаџиевски за нивниот придонес во ракометот, атлетиката и во фудбалот.

Признание добија и поранешниот Генерален секретар на ФФМ, Филип Поповски како и Влатко Неделковски деканот на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, институција со огромна улога и значење за развојот на спортот, не само во главниот град туку и државата.