Селекторот на најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија, Благоја Милевски очекува победи и потврда на првата позиција во Лигата на Нациите.
Црвено-жолтите во Скопје ги чека дуелите со Летонија и Фарските Острови. Одличните игри и трите врзани победи во низа, се причината за оптимизмот на Милевски.
„ Иако очекувам потежок натпревар со Летонија во однос на оној во Рига, секако очекувам максимална ангажираност на сите фудбалери и секако победа.
Летонците сакаат да играа офанзивен фудбал, но ние ќе се обидеме да ја наметнеме нашата игра.
Примарна цел во овие два натпревари е да го потврдиме првото место во групата.
Тоа секако ќе ни донесе и прогрес во иднина“, изјави селекторот Милевски.
Натпреварите против Летонија и Фарските Острови ќе се играта на 14 и 17 ноември во Скопје.
Селекторот Милевски очекува дека арената ,,Тодор Проевски” на овие натпревари ќе биде многу поисполнета и дека фудбалерите ќе ја добијат заслужената поддршка.