Најдобрата машка ракометна репрезентација се собира во Скопје, за стартот на квалификациите за Европското првенство во 2026 година.
Селекторот Кирил Лазаров на располагање ќе има 20-мина ракометари со една измена во составот. Поради повреда Томислав Јагуриновски ќе ги прескокне првите два меча, а на негово место е повикан Давид Савревски.
Македонија во првиот од трите квалификациски круга ќе игра против Естонија дома и на гости со Литванија.
Натпреварот со Естонија е ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во среда со почеток од 20 часот. Картите за овој дуел веќе се во продажба по цена од 200 и 300 денари, преку мрежата на МК Тикетс.
Дуелот со Летонија на програмата е четири дена подоцна (10 ноември – недела) во терминот од 17 часот.