Кирил Лазаров објави список со 35-мина ракометарi за стартот на квалификациите за Европското првенство во 2026 година.
На листата на Лазаров најголемиот дел од играчите се од домашното првенство. Од интернационалците Лазаров ги повика, Мартин Томовски, Михаил Ивановски, Филип Талески и Мартин Карапалевски.
Во првите два натпревари Македонија ќе игра против Естонија во Скопје на 6 ноември во СЦ „Борис Трајковски“, и Литванија на гости во Вилнус на 10 ноември.
Покрај овие две репрезентации противник на македонија во квалификациската „А“ група ќе биде и селекцијата на Словенија.
Пласман на европскиот шампионатот што ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка (15 јануари до 1 февруари 2026 година), ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации.