СТРУМИЦА СЕ ПРЕМИСЛИ ЗА КРСТАИЌ „ПУ-ПУ НЕ ВАЖИ“ – ГО ИЗВИСИ ГОСТИВАР!

На само неколку часа пред истекот на преодниот рок во кошаркарскиот шампионат на Македонија, се случи не пријатна ситуација, по која КК Гостивар најави тужба (не е прецизирано против кого, иако се споменува КК Струмица и менаџерската агенција која го застапува играчот Крстаиќ).

Имено како што информираат гостиварци на својата официјална Фејсбук страна, иако било се договорено за премин на Крстаиќ од Струмица во Гостивар, за што добиле и писмен договор, во последен миг од Агенцијата што го застапува играчот („ИстБаскет“), а чиј сопственик е и газда на Струмица, денеска добиле известување во стилот „пу-пу не важи“.

Гостиварци сметаат дека се ставени пред свршен чин, па затоа правдата ќе ја барат низ судска постапка.

Соопштението на КК Гостивар ви го пренесуваме во целост:

Соопштение до јавноста!!!
Сакаме да ја известиме јавноста за нешто што ретко се случува на кошаркарските терени, посебно кога зборуваме дека треба да се игра фер плеј.
Имено од страна на агенцијата од која е застапуван Крстајиќ (а чиј сопственик истовремено е и сопственик на КК Струмица), ни беше испратен договорот потпишан од страна на играчот и исто така потписот официјално беше споделен на официјалната стана на истоимената агенција, со сето тоа ние како клуб сметавме дека работата е завршена и дека ги имаме играчите што ни се потребни за понатамошниот тек на натпреварувањето.
На ден пред затворање на преодниот рок (кој трае до 01.03.2023) ни беше кажано дека нема да му дадат исписница и со тоа неможеме да го регистрираме во нашиот клуб. Сакаме ја известиме јавноста дека ние како клуб ќе покренеме судска постапка, за во иднина да не се случуваат вакви работи.