Нова пресметка сезонава меѓу шампионот Еурофарм Пелистер и куп победникот Алкалоид. По дуелот од отворањето на сезоната и Супер купот во Гевгелија каде триумфираше Алкалоид, непоразениот тим од Автокоманда го пречекува првакот Е.Пелистер, кој пак ќе бара реванш за поразот во Гевгелија, како и за поразот во финалето на купот кога Алкалоид го спречи тимот од Битола да стигне до двојна круна.

Ова ќе биде натпревар од 8.коло, кое стартуваше во петокот, а поради евронастапот на Алкалоид во Европскиот куп ќе е игра вечерва со почетокот од 19 часот.

Битолчани во Скопје ќе допатуваат „одморни“ во Скопје од причина што последниот натпревар го одиграа во четвртокот на гости во Полска (Лига на шампиони), додека Алкалоид во саботата имаше евронастап против литванската екипа Драгунас.

Од оваа рунда се одиграа четири натпревари: Вардар – МРК Куманово 31:21, Радовиш – Бисинов Фриут Ленд 29:29, Бутел – Струга 32:26 и Прилеп – Тиквеш 28:32. Колото ќе биде комплетирано со утрешниот натпревар меѓу Охрид и Пролет.

Табела: Алкалоид и Вардар по 14 бодови, Охрид и Е.Пелистер по 12, Бутел 10, Тиквеш 7, Пролет 6, Прилеп 5, МРК Куманово 4, Струга 4, Бисинов 3, Радовиш 1.