СЕ БОРАТ ЗА МАКЕДОНИЈА, А САМИ ЌЕ СИ ПЛАЌААТ ПАТ И СМЕСУВАЊЕ!?

 

Во најмала рака СКАНДАЛОЗНА одлука донела Карате федерацијата на Македонија (КФМ), која од македонските репрезентативци бара само да си ги покријат трошоците за настап на претстојното Европско првенство!

Извршниот одбор на КФМ, на вчерашната седница донел одлука, македонските репрезентативци сами да платат по речиси 900 евра (54.560 денари), за патување и сместување, додека котизацијата за учество ќе ја покрие федерацијата.

Според информацијата што ја добивме од самите македонски репрезентативци, не сфатливо е тие сами да го финансираат настапот за својата земја, на која години наназад и носат големи успеси, медали и прес се промоција во меѓународен рамки.

Нашиот најдобар каратист и повеќекратен носител на медали од големите натпреварувања Емил Павлов дури размислува да стави крај на кариерата.

„Не знам дали воопшто вреди повеќе да се занимавам со спорт. Целиот свој живот го посветив на каратето, на тоа на мојата земја Македонија, како во најдобро светло да ја претставам својата татковина. Медалите се сатисфакција за личниот вложен труд, но истакнувањето на македонското знаме на пиедесталот резервиран за најдобрите, не е само мој успех, туку успех на целата македонска нација. Вреди ли воопшто да се трошат повеќе зборови за тоа што ме информираат дека треба сам да си ги платам трошоците за да ја афирмирам државата, по сите мои успеси и лично се надевам дека ќе се промени оваа одлука, бидејќи е голема срамота“, 
ни изјави разочарано Павлов.

Емил кој е двократнен европски шампион, (2014 Тампере и 2018 година во Нови Сад), треба да биде и нашиот главен адут за ново одличје на ЕП на кое Македонија, би требало да биде претставувана од 18 каратисти, а кое ќе се одржи во Гвадалахара, Шпанија, од 22 до 26 март.

Индивидуален настап
1.Мартина Арсовска, ката сениори женски
2.Кристијан Бајовски, ката сениори машки
3.Теодора Цветкоска, кумите сениори женски -50 кг.
4.Јована Георгиева, кумите сениори женски -55 кг.
5.Вероника Костовска, кумите сениори женски -61 кг.
6.Ангела Мојсовска, кумите сениори женски -68 кг.
7.Бојана Манева, кумите сениори женски 68+ кг.
8.Фахик Весели, кумите сениори машки -60 кг.
9.Емил Павлов, кумите сениори машки -67 кг.
10.Петар Заборски, кумите сениори машки -75 кг.
11.Петар Спасеновски, кумите сениори машки -84 кг.
12.Стефан Стојановиќ, кумите сениори машки 84+ кг.
Екипен настап
1.Алексовска Андреа, ката екипно женски;
2.Арсовска Мартина, ката екипно женски;
3.Гашева Теа, ката екипно женски;
1.Андриќ Христијан, ката екипно машки;
2.Спасовски Александар, ката екипно машки;
3.Спасовски Давид, ката екипно машки;

Иако, Карате федерацијата во својот допис информира, дека откако ќе добие средства од Агенцијата за млади и спорт (АМС) подеднакво ќе ги рефундира на сите учесници на првенството, а водено за остварен пласман КФМ ќе ги рефундира и средствата според Правилникот за избор, финансирање и наградување на Државните репрезентативни селекции, се вели во дописот од федерацијата испратен до клубовите чии каратисти треба да ја формираат репрезентацијата на Македонија.

Колку за потсетување, не така одамна, во октомври месец минатата година, КФМ во целост ги покри трошоците за над 30 младински репрезентативци кои не претставуваа на СП во Коња, Турција.

Ако каратето години наназад е еден од најуспешните спортови во државата, логично се поставува и прашањето, зарем самите репрезентативци треба да го финансираат настапот за Македонија на големите Европски и Светски првенства!?

Колку за потсетување. Досега на Европските шампионати Македонија има освено вкупно 16 медали (десет индивидуални и еден во ката-тимски).
Од нив три се со златен сјај, и исто толку сребрени, а десет се бронзени.
Најуспешни наши каратисти се: Емил Павлов, две злата (2014 и 2018 година) и бронзи, Наташа Илиевска има по еден златен (2011 г.) и сребрен медал и Берат Јакупи по еден сребрен и бронзен медал.