Кошаркарите на Пелистер ја остварија третата победа во третиот натпревар на домашното првенство. Вечерва во Битола, пелистерци го победија МКК Куманово со 88-74 и го задржаа максималниот ефект.
Гостите предводени од екс македонскиот селекторот Марин Докузовски беа конкурентни три четвртини. Сепак немаа сили и доволно ротации во играта да парираат до крај.
Куманово одигра одлично напаѓачки во првиот период. Имаа кумановци и најголеми 10 поени предност, а на крајот на 10-те минути заминаа со +5 (30-25). Долго гостите ја одржуваа предноста се до 18-тата минута која домаќините го презедоа водството. На одмор Пелистер беше оној што замина со предност (50-47).
Конкурентен беше МКК Куманово и во третата четвртина во која имаше предност се до 28-та минута (65-66), но тука застана. Домаќините направија низа од 15-0 и поведоа со 80-66. Тоа се покажа како решавачки момент, па на крајот Пелистер заслужено славеше со конечни 88-74.
Американецот, Едвард со 19 поени беше прв стрелец во победничката екипа, додека кај гостите, но и на натпреварот најефикасен беше Босанецот, Радукиќ со 20 поени.
Пелистер како Чаир и ТФТ имаат по три победи и се на првите три позиции на табелата.
ПРВА ЛИГА – 3.КОЛО
Недела
ПЕЛИСТЕР – МКК КУМАНОВО 88-74
Сабота
РАБОТНИЧКИ – МЗТ СКОПЈЕ А.
ТФТ – КОЖУВ 79-77
ВАРДАР – ФЕНИКС 72-77
ТИКВЕШ – ГОСТИВАР 80-75
ЧАИР – ШКУПИ 98-80