Лионел Меси и Луис Суарез повторно беа творци на победа за екипата на Интер Мајами.
Тимот од Флорида со 6-2 славеше во дуелот со Њу Ингланд и ја оствари 22-та победа во американската МЛС лига. Аргентинско-уругвајскиот тандем постигна пет од шесте голови за Интер.
Иако губеа со 0-2, фудбалерите на Интер Мајами успеаја да направат целосен пресврт и да ја израдуваат својата публика.
Во првиот дел Луис Суарез со своите два гола го израмни резултатот.
Во вториот дел само односно 58.минута, само што влезе во игра Меси по акцијата со Алба, по која Кремаски го најави пресвртот, за водство на Интер од 3-2.
Меси во продолжението го оствари својот прв хет-трик МЛС лигата. Првиот гол го постигна во 78-мата, потоа фантастичниот во 81-та и последниот во 89-тата минута.
Тимот чиј сопственик е Дејвид Бекам веќе собори бројни рекорди. Најновиот се 74-те освоени бодови во регуларниот дел од сезоната во која има уште четири кола.