Во кошаркарскиот шампионат на Македонија односно Првата лига, викендов на програмата се дуелите од третото коло.
Секако најголемо внимание ќе привлече вечното дерби меѓу најтрофејните екипи, Работнички и МЗТ Скопје Аеродром.
Улогата на фаворит секако ја има шампионот МЗТ кој на последните 12 одиграни натпревари има само еден пораз, оној од јануари месец кога Работнички славеше со 95-91. Дополнителен притисок за сино-белите се два врзани порази, од Цедевита во АБА2 лигата и од Пелистер во домашното првенство.
Ќе го искористи ли тој момент Работнички која пак се судрува со финансиски проблеми, останува да се види.
Дуелот на „лутите“ градски ривали ќе се игра во сабота во СЦ „Кале“ со почеток од 18 часот.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 3.коло
Сабота
13.30 ТФТ – КОЖУВ
16.00 ВАРДАР – ФЕНИКС
18.00 РАБОТНИЧКИ – МЗТ СКОПЈЕ А.
18.00 ТИКВЕШ – ГОСТИВАР
19.00 ЧАИР – ШКУПИ
Недела
19.00 ПЕЛИСТЕР – МКК КУМАНОВО