Во машката ракометна Супер лига попладнево беа одиграни три натпревари од седмото коло.

Ракометарите на Бутел направија голем подвиг славејќи на гостувањето против Тиквеш со 24-23. Интересен и неизвесен натпревар одиграа овие два тима, дуел во кој победникот беше решен во завршните 10-тина секунди. Трагичар кај домаќините беше Даневски.

При нерешен резултат (23-23) домаќините имаа напад за победа. Грешката на Даневски ја казни младиот Узунчев кој го погоди празниот гол. Последниот обид да извади барем бод за домаќините го имаше Даневски, но неговиот удар од стативата заврши во поле.

Вицепрвакот Вардар лесно стигна до нова победа и тоа на гостувањето во Прилеп кај истоимената домашна екипа. Вардарци до шестиот триумф стигнаа со девет голови разлика односно конечни 36-27.

До важни бодови, за повисок пласман на табелата, стигнаа и ракометарите на Пролет. Тие на домашен терен го совладаа Куманово со 28-25

За утре закажани се два натпревари, а дербито ќе се игра во Битола каде шампионот Еурофарм Пелистер го пречекува не поразениот досега Охрид.

СУПЕР ЛИГА –7 КОЛО
12.10.2024 – САБОТА

ТИКВЕШ – БУТЕЛ СКОПЈЕ 23-24
ПРИЛЕП – ВАРДАР 27-36
ПРОЛЕТ – КУМАНОВО 28-25
13.10.2024 – НЕДЕЛА
13:30 СТРУГА – РАДОВИШ
18:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ОХРИД
11.10.2024 – ПЕТОК
19:00 БИСИНОВ БОРЕЦ – АЛКАЛОИД 22-40