Во јужноамериканските квалификации за СП се одиграа натпревар 9-тото коло.
Водечката репрезентација на Аргентина на гостувањето кај Венецуела одигра „реми“ 1-1. Аргентинците поведоа со голот на Отаменди во 13-тата минута, а израмни Рондон во 65-тата.
Бразил е далеку од она на што сме навикнати. „Кариоките“ се изнамачија да стигнат до победа на гостувањето против Чиле со 1-2. Домаќините дури и први поведоа и тоа во 2.,минута со погодокот на Едуардо Варгас уште во втората минута.
Бразилците до трите бода и само четвртата победа стигнаа во завршните минути од двете полувремиња. Игор Да Круз (45+1) и Луис Енрике (89.минута) беа стрелци на головите за победа на Бразил.
Изненадување во оваа рунда направи Боливија која со игра помалку ја победи второ рангираната Колумбија со 1-0. Домаќините од 20-тата минута останаа без исклучениот Киељар кој заработи директен црвен картон. Но и со десетмина, Боливија постигна гол а стрелец беше Мигелито 58-та минута.
Единствено немаше голови на дуелот Еквадор и Парагвај, а оваа рунда ноќеска ќе ја заокружат Перу и Уругвај.
ТАБЕЛА: Аргентина 19 бодови, Колумбија 16, Уругвај 15, Бразил 13, Еквадор и Боливија по 12, Венецуела 11, Парагвај 10, Чиле 5, Перу 3.