Македонските спортски легенди Горан Пандев, Кирил Лазаров и Игор Стефановски-Иџе, повеќе нема да рекламираат, казина, коцкарници, кладилници.

Ова на денешната средба со новинарите го изјави Министерот за спорт, Борко Ристовски.

„Ние немаме ништо против било која компанија да финансира во клуб или федерација. Меѓутоа не сакаме истакнатите спортисти и спортски легенди како личност да се истакнуваат во тие реклами за казина, за кладилници, за брзи кредити.
Нашата замерка е во таа насока и веќе имавме разговори со сите оние спортисти коишто ги рекламираат таквите, казина, кладилници и брзи кредити. Оставивме еден џентлменски договор.
Можам да најавам дека е Горан Пандев повеќе нема да рекламира спортска кладилница, дека Иџе повеќе нема да го прави тоа што го рекламира, Кирил Лазаров му престана и нема да го продолжи договорот со „ВЛТ“ којшто ги рекламираше казината.
Мислам дека многу набрзо сите овие личности ќе ги видите од другата страна, како промовираат вистински вредности, како ги промовираат сите оние работи коишто треба да ги промовира еден успешен спортист“,
изјави Ристовски.