Ракометните суперлигаши дуелите од 6.коло ќе ги играат во четири дена (од петок до понеделник). Попладнево на програмата се два дуела првакот Еурофарм Пелистер гостува во Куманово, кај екипата на МРК Куманово. Битолчани ја имаат фаворитската улога особено што сакаат да го задржат „чекорот“ со водечкиот тандем Охрид и Алкалоид. Почетокот на натпреварот е во 18 часот.
30 минути подоцна е закажан почетокот на натпреварот во Охрид меѓу лидерот на табелата и тимот на Фриут Ленд Борец од Велес. Избраниците на тренерот Стевче Алушевски и покрај домашниот терен се апсолутни фаворити и за очекување е да продолжат со максималниот учинок.
В недела се играат два натпревара: Бутел – Прилеп и Радовиш – Тиквеш, двата дуела почнуваат во 18 часот.
Колото ќе биде комплетирано в понеделник со натпреварот меѓу Алкалоид и Струга. Дуелот во салата во Автокоманда почнува во 17 часот.
Ова коло стартуваше со натпреварот меѓу Вардар и Пролет 62, кој го добија „вардарци“ со 28:25.