Фудбалерите на Наполи ја продолжија низата од седум натпревари без побаз во Серија А.

Во воведниот натпревар од 7.коло одигран вечерва во Неапол, домашните фудбалери го надиграа Комо со 3-1.

Триумфот го најави МекТоминеј уште во првата минута. Тој по само 26.секунди ја затресе противничката мрежа и го постигна третиот најбрз гол во историјата на италијанското калчо. Во самиот финиш на првиот дел (43.минута) Стрефенца израмни на 1-1.

Не им требаше долго во вториот дел на домаќините да ја вратат предноста. Тоа се случи во 53-тата минута кога Лукако ја затресе мрежата на Комо. Победата ја потврди Давид Нерес во 86-тата минута за конечни 3-1.

Со тоа Наполи кој е лидер на табелата стигна до петата победа и има две повеќе од конкурентите за највисок пласман. Наполитанците имаа 16 бодови, а по нив следуваат Јувентус со 12, Милан, Интер и Торино со по 11.