По една недела пауза поради репрезентативни обврски викендов ќе се одигра 4 коло од женската Супер лига.
На програмата сепак ќе бидат само три дуели.

Натпреварите од групата А се одиграа претходно. Екипата на Чаир на домашен терен успеа да го совлада Скопје со 40:23. Додека Астибо во доста неизвесен и тежок дуел успеа да издвои минимална победа над тимот на Ѓорче Петров 2 со 35:34.

Во групата Б, екипата на Овче Поле гостува кај тимот на Пелистер во Битола. Натпреварот помеѓу Металург Автокоманда и Куманово е одложен поради учеството на Металург во ЕХФ Купот.

Во групата В ќе се одиграат преостанатите два натпревара. Шампион ќе го пречека тимот на Деспина, додека вардарки ќе гостуваат кај Спартак во спортската сала „Круме Кепески“.

Ова коло слободни се екипите на Ѓорче Петров ЖРК, Гевгелија и Стружанка.

Ивона Кимовска