Во првите три натпревари од 5.коло на ракометната Супер лига, фаворитите ги оправдаа очекувањата.
Ракометарите на Охрид, останаа со максимален ефект откако го добија „езерското дерби“ против Струга на гостински терен. Во ниту еден момент од мечот победата на охриѓани не беше доведена во прашање, па на крајот славеа убедливо со 31-17.
Гоце Ојлески со 9 гола беше прв стрелец во победничката екипа за која Горан Крстевски постигна пет.
Вардар во второто полувреме го скрши отпорот на Бутел. Откако првиот дел црвено-црните го добија со 16-15, во вториот вардарци имаа најголеми седум позитива. На крајот Вардар славеше со 30-27.
Стефан Петриќ кај Вардар и Димитар Узунчев за Бутел постигнаа по осум голови.
Шампионот Еурофарм Пелистер немаше проблеми во дуелот со Пролет. Битолскиот тим пред своите симпатизери славеше убедлива победа со 30-21. Цветан Кузмановски постигна шест, Филип Кузмановски пет гола за пелистерци.
Во тек се уште два натпревари од денешната програма, а колото ќе биде заокружено утре со дуелот во Кавадарци.
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 5.КОЛО
денеска (среда)
СТРУГА – ГРК ОХРИД 17-31
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ПРОЛЕТ 30-21
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ВАРДАР 30-27
ПРИЛЕП – РАДОВИШ во тек
ФРУИТ ЛЕНД БОРЕЦ – МРК КУМАНОВО во тек
утре (четврток
19:30 часот ТИКВЕШ – АЛКАЛОИД