Германското дерби на колото помеѓу моменталниот шампион Баер Леверкузен и вечниот германски владетел Баерн Минхен заврши со незадоволително реми од 1:1.
Домаќините имаат за што да жалат бидејќи целиот натпревар беше во нивни раце, но неуспеаа да дојдат до победоносен гол.
Иако Баерн Минхен доминираше со игра и шанси прв на натпреварот стрелаше Леверкузен. Роберт Андрих испрати „бомба” во голот на Мануел Ноер во 31.та минута и донесе радост за „фармацевтите”. Во 39.та минута несудениот српски репрезентативец Александар Павловиќ ги донесе конечните 1:1.
Оваа сезона ова е прв натпревар на кој Баерн не ги зема сите 3 бода. Тоа не влијаеше на табелата бидејќи со 13 бода на 5 натпревари Баерн Минхен е лидер во Бундеслигата.
Шампионот Леверкузен пак се наоѓа на 3-тото место со само 3 освоени бода помалку од Баварците односно 10 бода на 5 одиграни натпревари.