Кол Палмер е јунакот на Челзи кој во 6.коло на Премиер лигата го победи Брајтон со 4-2.
На натпреварот одигран на „Стенфорд Бриџ“ на кој беа постигнати шест гола, Челзи славеше над Брајтон со 4-2.
Победата и трите бода на сините од Лондон им ги донесе донесе Кол Палмер кој постигна четири гола, сите во првото полувреме. За гостите погодија Рутер (7) и Балеба (34).
Киксот на Манчестер Сити кој одигра 1-1 со Њукасл, го искористи Арсенал кој во судското дополнение го совлада Лестер.
Популарните „топчии“ пред своите симпатизери славеа со 4-2 со голот на Тросар во третата минута од судиското дополнение (90+3). Домаќините во првиот дел имаа два гола предност со погодоците на Мартинели (20.минута) и Тросард (45+1).
Во вториот дел Џастин со два гола (47 и 63.минута) успеа да ја анулира негативата и да му донесе бод на Лестер. И кога сите очекуваа со тој резултат да заврши натпреварот, во 93.минута по ударот на Тросар топката зафати еден од гостинските фудбалери и заврши во мрежата на Лестер. И тоа не беше крај, бидејќи три минути подоцна Хаверц ги постави конечните 4-2 за Арсенал.
Така сега Манчестер Сити и Арсенал имаат по 14, а Челзи 13 бодови. Зад нив се Ливерпул и Астон Вила со по 12 бодови, а двата тима во оваа рунда гостуваат. Црвените од Ливерпул вечерва играат со Вулверхемптон, а Вила утре против Ипсвич.