Во Првата македонска фудбалска лига попладнево се одиграа пет од шесте натпревари од седмото коло.
На дербито во Маџари, екипата на Гостивар и го нанесе првиот овосезонски пораз на Шкендија совладувајќи ја со 3-1. На двата гола на гостиварци кумуваше тетовскиот голман по чии кардинални грешки Ајдоган (22.минута) и Симоновски (47) беа стрелци на головите. Тетовци преку Ибраими во 97-мсата намалија на 2-1. Сепак нивната надеж дека ќе останат не поразени ја сруши Алдаир со голот од пенал (90+2).
Покрај Гостивар и фудбалерите на Работнички остануваат не поразени. Тие на гостувањето во Битола одиграа без голови 0-0 против Пелистер.
И дуелот во Струмица каде играа АП Бреара и Тиквеш донесе големи возбудувања, но не и гол.
Езерското дерби одиграно во Охрид каде Воска спорт го пречека шампионот Струга ТЛ заврши 1-1. И на овој натпревар видовме „поклон“ гол од гостите. Во 50-тата минута за водство на домаќините од 1-0, а во 67-та заспаноста на одбраната им овозможи на гостите да израмнат на 1-1.
Со ист резултат заврши и натпреварот на Чаир во Скопје. Фудбалерите на Шкупи не ја оправдаа фаворитската улога против Беса играјќи 1-1. Едмундсон во 24-тата минута беше стрелец на голот за 1-0 за домаќините. Гостите израмнија преку Али во 82-та минута по одличен контра напад.
Гостивар сега со бод повеќе (15) го презеде првото место од Шкендија (14), а веднаш зад нив е Работнички со 13. Шампионот Струга е четврто пласиран и има 11 бода.
Колото ќе биде заокружено вечерва (20 часот) со натпреварот Вардар – Силекс.
ПМФЛ – 7.коло
ГОСТИВАР – ШКЕНДИЈА 3-1
ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ 0-0
АП БРЕРА – ТИКВЕШ 0-0
ШКУПИ – БЕСА 1-1
ВОСКА СПОРТ – СТРУГА ТЛ 1-1
ВАРДАР – СИЛЕКС 20 часот