Фудбалерите на Реал Мадрид ја остварија петата победа во новата сезона на шпанската Ла Лига.
Актуелниот првак, пред своите симпатизери на „Сантијаго Бернабеу“ го победи Алавез со 3-2. Сепак малку недостасување Реал од годотво да направи сересија, па во последните минути „лос-бланкос“ стратуваа за трите бода.
„Кралевите“ фаворитската улога ја потврдија уште во првиот дел кој го добија со 2-0.
По само 50.секунди игра Реал поведе со голот на Лукас Васкез. Во финишот на полувремето (40.минута) Килијан Мбапе зголеми на 2-0.
Не минаа ниту три минути во вториот дел кога Родриго зголеми на 3-0.
Тоа како да ги подразбуди гостите кои во неколку наврат се заканија. Конелно во 84.минута Уругваецот, Карлос Бенавидез погоди за 3-1. Само минута подоцна Кике Гарсија постигна гол и намали на 3-2. Сепак немаше време Алавез да израмни и да се спаси од пораз.
Реал на втор на табелата со бод помалку од Барселона кој утре го пречекува Гетафе во оваа седна рунда на Ла Лига.