Актуелниот победник на Купот на Македонија и освојувачот на Супер купот екипата на Алкалоид по двете стартни победи во првенството попладнево на првото гостување сезонава ќе атакува на третата победа на гостински терен кај екипата на Бутел.

Избраниците на тренерот Кирил Лазаров ќе се обидат да останат непоразени и на ова гостување и со тоа да останат на врвот на табелата. Домашниот тим Бутел по убедливата победа во првата рунда, во второто коло загуби на гостувањето во Охрид. Дуелите на овие два тим постојано носеле неизвеснот, иако во ланската сезона Алкалоид беше поуспешен. Почетокот на дуелот е во 18 часот.

Трета победа во третото коло ќе бркаат и Охрид и шампионот Еурофарм Пелистер. Двете екипи дуелите ги играат на гостински терен. Охрид гостува во Прилеп, кај истоимената домашна екипа и почетокот на дуелот е во 81:30 часот, а Е.Пелистер го очекува гостување во Велес против екипата на Фриут Ленд Борец. Почетокот наовој натпревар е во 18 часот.

Оваа рунда ќе биде „отворена“ со натпреварот Струга – Пролет 62 (почеток 17 часот), додека Радовиш и Вардар играат со почеток од 18:30 часот.

Колото ќе биде комплетирано во среда со натпреварот Тиквеш – МРК Куманово, поради настапот на кавадарчани во Европскиот куп прво коло – реванш со грчката екипа Драма. Овој натпревар се игра в недела од 19 часот во Кавадарци.

РАКОМЕТ СУПЕР МАШКА ЛИГА – 3 КОЛО
21.09.2024 – САБОТА

17:00 СТРУГА – ПРОЛЕТ
18:00 БУТЕЛ СКОПЈЕ – АЛКАЛОИД
18:00 ПРИЛЕП – ОХРИД
18:00 ФРУИТЛЕНД БОРЕЦ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
18:30 РАДОВИШ – ВАРДАР

Сите натпревари може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ