За во недела во терминот од 15 часот закажани се сите шест натпревар од шестото коло Првата македонска фудбалска лига.

Дербито на колото ќе се игра во Струга каде шампионот Трим Лум го пречекува составот на Шкупи.

Тимот на Работнички кој е еден од трите непоразени досега ја пречекува струмичка АП Брера. Лидерот на табелата Шкендија во Тетово ќе ја има улогата на фаворит против охридска Воска спорт.

Интересно се очекува да биде на дуелот во Кратово каде ќе играат четврто и петто пласираните екипи на Силекс и Гостивар тим кој исто така нема пораз.

Во Кавадарци, ќе се води жестока битка за бодовите во дуелот меѓу Тиквеш и Вардар екипи кои се во долниот дел од табелата.

Колото ќе го комплетираат тимовите на Беса и Пелистер кои лани водеа жестока битка во второлигашката конкуренција.

ФУДБАЛ – ПМФЛ 6.КОЛО
Недела (15 часот)

СТРУГА ТЛ – ШКУПИ
РАБОТНИЧКИ – АП БРЕРА
ШКЕНДИЈА – ВОСКА СПОРТ
СИЛЕКС – ГОСТИВАР
ТИКВЕШ – ВАРДАР
БЕСА – ПЕЛИСТЕР