Викендов се одржа првиот државен турнир во Македонија во теикбол. Натпреварите се одвиваа во две категории мажи (поединечно и двојки), а на турнирот учествуваа вкупно 17 натпреварувачи.
Турнирот беше одржан и организиран во малата сала во „Јане Сандански“. Настанот беше поддржан од Македонскиот Олимписки комитет, општина Аеродром, Горска и Меѓународната текбол федерација „Fiteq“.
„Турнирот донесе голема заинтересираност кај помладата генерација која се надеваме дека ќе биде иднината на овој нов спорт“,
велат организаторите.
Големи заслуги има и претседателот на Текбол федерацијата на Македонија, Марио Ѓорѓиев кој направи се да помине во најдобар ред.